Дома Фудбал Италија Младата ѕвезда на Јувентус: Молев, крадев, штедев…Еднаш украдов и топка од свештеник за да играм фудбал

Младата ѕвезда на Јувентус: Молев, крадев, штедев…Еднаш украдов и топка од свештеник за да играм фудбал

Бисерот на Јувентус Моисе Кин оваа сезона игра одлично и Масимилијано Алегри во финишот од сезоната му даде солидна минутажа, а покрај тоа запиша и неколку настапи за репрезентацијата на Италија за која и се запиша во листата на стрелци.

За Кин во изминатите месеци навистина многу се пишуваше овој тинејџер се запиша во историјата како најмлад стрелец на „Аѕурите“, а руши рекорди и во Јувентус. Во едно од интервјуата Кин се потсети на минатото кога ги правел првите чекори во фудбалот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Некогаш играв фудбал на улица, зад црвка…Шест на шест. Секој играч мораше да плати 10 евра, а јас некогаш немав да платам. Молев, позајмував, крадев и штедец цела надела за да можам да ги платам тие 10 евра“, изјави Кин и додаде:

„Еднаш толку очајнички сакав да играм фудбал што дури и украдов топка од еден свештеник во црквата“, откри Кин.

На Кин желбата за фудбал и тоа како денес му се исплати и на овој млад фудбалер кој има 19 години му се предвидува голема иднина.

Оваа сезона која полека изминува Кин одигра 11 натпревари и постигна шест гола, но доколку Алегри му даваше шанса од почетокот на сезоната тие бројки денес сигурно би биле поголеми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…