Дома Трансфер зона Младата португалска сензација на чекор од Олд Трафорд

Младата португалска сензација на чекор од Олд Трафорд

Во Манчестер Јунајтед се подготвува бурно лето, а откако што беше соопштено дека дури осум играчи ќе го напуштат клубот, управата е подготвена да доведе адекватни засилувања.

Манчестер Јунајтед оваа сезона може да се каже дека одигра под секое ниво и потфрли на сите фронтови. Завршија дури на шестото место во Премиер лигата и испаднаа во четвртфиналето во Лигата на Шампионите, со што управата не може да биде задоволна. Екипата на крајот од минатата година го промени тренерот, бидејќи Мурињо го замени играчката легенда на тимот, Оле Гунар Солксјер. Јунајтед под негово водство заигра одлично, меѓутоа подоцна се испостави дека тоа беше само позитивен шок, па „Црвените ѓаволи“ продолжија по старо.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Засилувањата се неизбежни, а управата на Манчестер Јунајтед ова лето е подготвена да инвестира во клубот големи пари во капитални засилувања. Една од првите желби е младата ѕвезда на Бенфика, 19-годишниот Жоао Феликс. Во португалските медиуми се појави вест дека управата на клубот од Манчестер е подготвена на Бенфика да и испрати понуда од 105 милиони фунти. Одличниот Португалец оваа сезона со Бенфика освои титула шампион на Португалија, а за клубот одигра 43 натпревари и постигна 20 гола.

Многумина уште од сега го споредуваат со неговиот сонародник Роналдо кој имаше сличен пат, само што тој во Јунајтед пристигна од Спортинг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Преговорите во застој, Мењан може да го напушти Милан

Преговорите помеѓу Милан и голманот Мајк Мењан за продолжување на договорот се во застој, …