Белгијскиот напаѓач Мичу Батшуаи го напушти Челси и кариерата ќе ја продолжи во Кристал Палас.
Овој 26-годишен напаѓач одамна не е во конкуренција на Стемфорд Бриџ, беше по позајмици, а наредната сезона ќе ја помине во Кристал Палас.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Батшуаи утрово ги помина лекарските прегледи, денеска ќе потпише договор до крајот на сезоната, а Палас ќе има можност да го откупи договорот по крајот на сезоната.
Тој и претходната сезона беше на позајмица во овој клуб. Постигна шест погодоци на 13 натпревари, а првиот дел од сезоната го помина во Валенсија.
Пред тоа беше на позајмица во Борусија Дортмунд, додека за Челси одигра 77 натпревари и постигна 25 погодоци.