Дома Фудбал Италија Михајловиќ пуштен од болница и уште вечерва седнува на клупата на Болоња

Михајловиќ пуштен од болница и уште вечерва седнува на клупата на Болоња

Синиша Михајловиќ ја напуштил болницата во Болоња соопштува новинарот на „Скај Спорт“, Џанлука Ди Марцио.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Хоспитализацијата на Михајловиќ е завршена откако дојде крајот на планираната терапија.

Ќе потсетиме, Михајловиќ во текот на летото соопшти дека боледува од леукемија и набрзо започна со лекување. Веќе неколку пати престојуваше во болницата каде што има терапии во борбата со болеста.

Откако денес ја напушти болницата објавено е следново соопштение.

„Г. Михајловиќ е утрово е пуштен од болницата откако резултатите после антивирусната терапија беа позитивни. Пациентот е во многу обра состојба“, стои во соопштението од болницата.

Медиумите во Италија најавуваат дека Михајловиќ вечерва може да биде и на клупата на Болоња во натпреварот против Рома.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

УЕФА го предлага својот кандидат против Инфантино

Европската фудбалска куќа (УЕФА) размислува да Насер Ал Келафи биде противкандидат на Џани…