Дома Фудбал Останато Михајловиќ: Неколку пати го сонував сопствениот погреб

Михајловиќ: Неколку пати го сонував сопствениот погреб

Легендата на српскиот и италијанскиот фудбал, Синиша Михајловиќ се избори со леукемијата и се врати да го води тимот на Болоња.

Михајловиќ во интервју за италијански „Скај Спорт“ зборуваше низ какви моменти поминал додека се бореше со тешката болест.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Практично сум роден двапати, прво во февруари 1969 година, а потоа 50 години подоцна, на 29 октомври 2019 година. Ќе видите силен човек да плаче и тоа е посебна работа. Јас со болеста научив да ги покажувам емоциите, научив да плачам и да не ми е срам“, вели Михајловиќ.

„Сакав да живеам, сакав да се борам. Не можев да си дозволам да заминам од овој свет. Никогаш не ја загубив надежта, неколку пати го сонував сопствениот погреб. Им благодарам на сите кои беа со мене“.

На крајот од разговорот, Михајловиќ, открил дека најзначајниот момент во кариерата му се случил во 1991 година, кога со Црвена Звезда ја освои Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Анчелоти ќе комбинира со составот против Барселона?

Фудбалерите на Реал Мадрид во недела ја пречекуваат Барселона, а Карло Анчелоти размислува…