Дома Фудбал Италија Михајловиќ лут на Јапонците: На Монголија и ја ќе им дадев гол

Михајловиќ лут на Јапонците: На Монголија и ја ќе им дадев гол

Синиша Михајловиќ беше разочаран после натпреварот на неговата Болоња против Интер.

Болоња беше поразена со 1:0 од лидерот во Серија А, а на српскиот стратег не му беше сеедншто неговиот важен играч Јапонецот Такехиро Томијаши се повреди после 34 минути после напорното патување во Јапонија и натпреварот против Монголија.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Сега Миха се прашува дали имало смисла Јапонија да смета на овој дефанзивец затоа што „Самураите“ играа против навистина неубедлив противник. Тој натпревар го добија со 14:0.

„Победија 14:0 и го пуштија Томијаши да игра. Зарем им беше потребен. Па и ја ќе дадев гол против Монголија. Не се мешам во работата на другите тренери, но навистина мислам дека во некои натпревари, некои играчи можат да одморат“, изјави Михајловиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Бове пуштен од болница

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове, е отпуштен од болница по операцијата …