Дома Фудбал Останато Михајловиќ го доби спорот: Ќе добие 3 милиони за 9 дена на клупата на Спортинг

Михајловиќ го доби спорот: Ќе добие 3 милиони за 9 дена на клупата на Спортинг

Арбитражниот спортски суд во Лозана одлучи дека Спортинг Лисабон на Синиша Михајловиќ треба да му исплати одштета од 3 милиони евра. 

Португалците лани во јуни му дадоа отказ на Србинот неполни 10 дена по почетокот на соработката, откако дојде до промени во раководството на клубот, и новата владејачка гарнитура имаше друг план за тоа кој треба да биде тренер на тимот.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Михајловиќ одлучи да го тужи клубот барајќи ги сите 12 милиони евра кои требаше да му припаднат за тригодишната соработка. Сепак, судот во Лозана одлучи да му се исплатат само три милиони евра на сегашниот тренер на Болоња.

Ова е последна судска инстанца, па на оваа одлука на Арбитражниот суд клубот од Лисабон нема право на жалба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Познато кој клуб ќе го води Анчелоти после Реал

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, кој има договор со „кралевите“ до летото 2026 год…