Македонската ракометна репрезентација денес одржа прес-конференција пред тргнувањето за Полска на Светското првенство.
На прес-конференцијата присуствуваа Кирил Лазаров (тука), Филип Талески (тука) и Никола Митревски.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
За Македонија ова е десетта година по ред да биде на најголемата сцена и на овој настан влегуваме со голема почит кон секого, но и без страв.
„Имавме одлични подготовки, како што кажа селекторот ќе биде тешко. Заслужено сме тука, ги елиминиравме двете најдобри селекции во баражот, а сега дојде време да се подготвуваме за Норвешка, Холандија и Аргентина.
Никого нема да прецениме, ниту да потцениме. Имаме самодоверба и знаеме што сакаме. Желбата кај сите нас е на највисоко ниво“, изјави Митревски.
Првенството Македонија го започнува со натпреварот против Норвешка во пето код 20:30 часот.