Дома Македонски спорт Мак ракомет Митревски: Ова е мало финале, Австрија не е подобра

Митревски: Ова е мало финале, Австрија не е подобра

Денес од 18:15 часот Македонија ќе игра против Австрија и ова за нас е клучен натпревар за пласман во следната фаза.

Македонија неколку сценарија ја водат во следната фаза (повеќе тука), но она кое е најреално е ние да ја победиме Австрија со два или повеќе гола разлика.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во претходните два натпревари на Австрија импресивна игра прикажаа бековите на оваа селекција, Божовиќ и Билик. Голманот Никола Митревски на овој натпревар гледа како на мало финале.

„За нас ова е мало финале. Австрија во квалитет не е подбра од нас, можеме да ја победиме и ако го направиме тоа поразот од Чешка ќе стане неважен. Наше е да дадеме се од себе. Одбраната е таа која решава големи натпревар каков што е овој. Божовиќ и Билик сигурни ќе шутнат 30 пати, но јас мислам дека најважно е да не им дозволиме да се разиграат нивните крила. Против Украина Вебер имаше осум од осум, ако ние ги намалиме головите на другите играчи, тогаш тие двајца нека имаат вкупно 15-16“, изјави Митревски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Лазаров со две изненадувања за натпреварот со Фарски Острови

Maкедонскиот селектор, Кирил Лазаров го објави составот за денешниот натпревар против Фарс…