Дома Македонски спорт Мак фудбал Миовски: Хрватска ќе биде голем тест за нас

Миовски: Хрватска ќе биде голем тест за нас

Македонската фудбалска репрезентација се подготвува за два пријателски натпревари против селекциите на Хрватска и Чешка.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Напаѓачот Миовски вели дека е одлично што за ривали имаме селекции кои ќе бидат дел од Европското првенство во Германија.

„Знаеме против кого играме. Хрватска е огромна репрезентација. Овие два меча ќе бидат одличен тест за да видиме до каде се нашите сили и да видиме дали можеме да се надеваме во иднина повторно да играме на големо натпреварување. Секогаш играме подобро со големи репрезентации. Хрватска се подготвува за ЕП и одлично е за нас што ќе тестираме со нив. Капитенот Барди ќе ни недостасува, но имаме одлични млади играчи на средината кои ќе треба да го пополнат неговото отсуство. Што се однесува до Хрватите, тие имаат неверојатни фудбалери на сите позиции од најсилните лиги. Ќе биде навистина голем тест за нас, особено за младите да играат против такви ѕвезди“, вели Миовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …