Дома Македонски спорт Миовски: Ни недостасуваат важни фудбалери, но во мислите ни е само победа!

Миовски: Ни недостасуваат важни фудбалери, но во мислите ни е само победа!

Македонија во петок ја очекува натпревар против Грузија во Тбилиси во рамките од претпоследното коло во Лигата на Нации.

Бојан Миовски веројатно е фудбалерот кој е во најдобра форма од оние на кои селекторот Милевски може да смета. Напаѓачот е свесен за напредокот на Грузија, но секако посакува победа.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Грузија напредува во последните години навистина многу и го покажаа тоа во првото полувреме во Скопје, но мислам дека ако на тој натпревар постигневме гол во првото полувреме ќе беше тоа сосема друг натпревар. Ни недостасуваат важни фудбалери, не очекува пеколен натпревар, но во мислите ни е само победа“.

На тренинзите се работи на слабите страни на Грузијците.

„На овие два тренинзи со селекторот работевме каде да напаѓаме, каде се слабите страни на Грузија и мислам дека тоа што го работиме ќе го покажеме на терен“.

Се додека имаме шанси ќе се бориме за првото место кое носи во баражот.

„Грузија е во подобра позиција за тоа прво место затоа што и со бод ќе го задржиме, но ние ќе дадеме се од себе и веруваме во успех“, изјави Миовски.

Натпреварот против Грузија е закажан за во терминот од 18:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Сејдини: Македонија може да има успех во Лигата на Нации, знам дека тоа го мисли и селекторот

На Редовното генерално Собрание на Фудбалската федерација (ФФМ) на Македонија, претседател…