Tимот на Ливерпул вчера го договори заминувањето на Такуми Минамино.
Фудбалерот од средниот ред ги напушта „црвените“ и се сели во редовите на Монако. За услугите на Јапонецот Монако на Ливерпул ќе му плати сума од 18 милиони евра со вклучени бонуси.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Според договорот на клубовите Ливерпул за 27-годишниот фудбалер веднаш ќе добие 15 милиони евра, а останатите три ќе им бидат исплатени преку бонуси.
Во редовите на Ливерпул Минамино дојде во јануари 2020 година и од тогаш одигра 55 натпревари и постигна 14 гола.