Дома Фудбал Милојевиќ: Резултатот е висок, но задоволен сум од играта

Милојевиќ: Резултатот е висок, но задоволен сум од играта

Иако фудбалерите на Црвена Звезда вечерва беа поразени на Енфилд од Ливерпул, нивниот тренер Владан Милојевиќ немаше многу причини за незадоволство.

Ливерпул славеше со 4:0, но генерално гледано Звезда беше подобра од натпреварот против ПСЖ.

Милојевиќ смета дека неговата екипа од вакви натпревари може само да научи.

„Ливерпул е екипа која конкурира за трофеј, јас сум задоволен од играта. Од вакви натпревари можеме да научиме некои работи и за нас е ова големо искуство. Резултатот е висок, но играме против многу силни екипи. Очекувам уште подобра игра во Белград. Се надевам дека повредените играчи ќе се вратат што поскоро бидејќи играме на три фронта.“ – изјави тренерот на Звезда.

Да потсетиме, Звезда после ова коло останаа на еден бод, а во наредното коло повторно играат против истиот ривал, овој пат на Маракана.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПСЖ го растури Вилјареал со 0-6: Четири гола уште до 17. минута!

Пари Сен Жермен го задржа максималниот ефект во Лигата на шампионите со убедливи 0-6 на го…