Голманот Дејан Милосављев имаше фантастична сезона во Вардар, ги освои симпатиите на навивачите и на крајот се искачи на врвот на Европа со „црвено-црните“.
Милосављев после само една сезона го напушти Вардар и кариерата ќе ја продолжи во Фиксе Берлин, но на емотивен начин се раздели со македонскиот шампион.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Една година во мојот живот во еден од најголемите клубови на светот. БЛАГОДАРАМ ВАРДАРЕ, во срце ќе те носам. Благодарам на совршената екипа која ми даде многу и направи од мене да бидам тоа што сум! Благодарност до луѓето кои кои направија да се чувствувам убаво и сум дел од вас. Шампиони на Македонија, Суперкуп на Македонија, СЕХА лига, ЕХФ Лига на шампиони. Сонував со отворени очи и ви ја посакувам сета среќа на овој свет“, напиша Милосављев.