Дома Фудбал Милер потврди: Ние го избркавме Анчелоти

Милер потврди: Ние го избркавме Анчелоти

Ѕвездата на Баерн Минхен, Томас Милер даде интересна изјава во врска со бившиот тренер Карло Анчелоти.

Германскиот репрезентативец изјави дека тој и неговите колеги се единствени виновници за отказот кој го доби италијанскиот стратег.

„Многу од нашите проблеми беа создадени од самиот тим. Фудбалерите не го покажаа тоа што се очекуваше од нив. Треба да бидеме реални и да го признаеме тоа. Не треба да го земаме Анчелоти како единствен виновник. Сега се надеваме под водство на Хејнкес да бележиме подобри резултати. Поради тоа беше направена тренерска смена“, изјави Милер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кејн пред нов договор со Баерн: Остануваат само правните детали

Баерн и Хари Кејн ги усогласиле клучните точки за продолжување на соработката. Дресен очек…