Селекторот на Македонија, Благоја Милевски ја одрже денес официјалната прес-конференција пред утрешниот натпревар против Грузија во рамките од третото коло во Лигата на Нации.
Грузија во претходното коло одигра одличен натпревар и ја победи Бугарија со 2:5.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Го анализиравме натпреварот со Бугарија, како и други претходни натпреври. Грузија е одлична селекција со одлични индивидулаци, со Бугарија одиграа одличен меч, но секој натпревар е приказна за себе ќе видиме што ќе се случува утре на теренот.
„Натпреварот во Тбилиси за мене нема никаква конекција со она што не очекува утре. Грузија има индивидуален квалитет кој ако дозволите знае да надвладее. Мислам дека сепак, Македонија многу ќе се прашува во утрешниот натпревар. Индивидуалците се важни, меѓутоа на крај ова е тимска игра и тимот победува или губи“.
Натпреварите се играат во еден неевобичаен термин кога сезоната е завршена, меѓутоа фудбалерите се спремни.
„Овој период е тков каков што е, не можеме да бараме од играчите да бидат во максимална натпреварувачка форма. Тие што се тука сигурно дека ќе го дадат максимумот. Не се навраќам на претходните натпревари, се што поминало за мене е историја, важно е она што следува. Ќе се потрудиме да бидеме што подобри“.
Грузија од тој натпревар во Тбилиси го промени селекторот и сега на клупата го имаат Вили Сањол.
„Грузија е многу различна екипа од тој бараж натпревар. Имаат нов селектор, нова филозофија и играат на сосема поразличен начин. Токму затоа и не гледам некоја поврзаност во овие два натпревари. Посакувме стадионот да биде исполнет и да ја осетиме таа домашна публика, сигурно дека ни е важна“; изјави Милевски.
Натпреварот помеѓу Македонија и Грузија се игра утре од 20:45 часот.