Дома Фудбал Милевски против Португалија нема да смета на четворица од списокот

Милевски против Португалија нема да смета на четворица од списокот

Селекторот Благоја Милевски ги избра 23-цата фудбалери кои ќе бидат во комбинација за настап вечерва.

Од составот отпаднаа Јани Атанасов, Валон Етеми, Ердал Ракип и Ердон Даци. Четворицата фудбалери ќе бидат на трибините, а останатите ќе конкурираат за натпреварот. Ќе потсетиме, Милевски за овој натпревар ги има на располагање Елиф Елмас и Тихомир Костадинов кој беа суспендирани за дуелот во Палермо.

Во составот на Португалија селекторот Сантош нема да смета на Диого Далот од Манчестер Јунајтед, а на негово место ќе настапи Жоа Кансело кој беше под суспензија за натпреварот со Турција. Покрај Далот од тимот отпаднаа Гонсало Игнасио и Тијаго Џало.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Протестите го прекроија распоредот во Лига 1: Три меча добија нови термини

Натпреварите во Лион, Ница и Лоријан се преместени по барање на властите, бидејќи безбедно…