Дома Македонски спорт Мак фудбал Милевски: Против Англија е шанса да се тестираме колку можеме

Милевски: Против Англија е шанса да се тестираме колку можеме

Селекторот Благоја Милевски денес одржа прес-конференција пред натпреварот против Англија кој се игра утре на Арената „Тодор Проески“

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Пред последниот меч во квалификациите Милевски истакна дека нема што да загубиме и дека овој меч ќе биде одличен за да ги тестираме можностите.

„Ние веќе направивме многу измени и во составот и во начинот на кој функционираме на самиот терен. Во циклусот во септември и ноември, со нас се нови млади играчи, сега сме во фаза на создавање на тим. Нормално е кога имате млади играчи да имате осцилации во играта со слаби и добри резултати, но овие натпревари кога играте со најдобрите во светот се шанса да ги тестирате вашите можности“, вели Милевски.

Селекторот даде коментар и за неговиот договор, кој истекува утре после мечот со Англија.

 „Мојот договор истекува тогаш когаа истекува. Јас професионално работам до крај. Дали ќе останам тоа зависи од некој друг, и тоа прашање ќе треба да се постави на друга адреса“, одговори Милевски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …