Македонската фудбалска А репрезентација овој месец ќе одигра два пријателски натпревари против Молдавија и Црна Гора.
Овие мечеви ќе се одиграат во турската Анталија, на 22 март против Молдавците од 15.30 часот и три дена подоцна против Црногорците од 18.00 часот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Селекторот на нашите најдобри фудбалери Благоја Милевски повика 28 фудбалери, а најновите информации велат дека едно има отпадна за престојните контролни средби.
Напаѓачот Ердон Даци поради повреда заработена на последниот натпревар за белгискиот клуб Беверен, нема да биде во можност да настапи во Анталија.
Милевски во делот на нападот може да смета на Бојан Миовски, Милан Ристовски, Дарко Чурлинов, Александар Трајковски, Димитар Митровски и Лирим Ќамили.