Дома Фудбал Репрезентации Милевски: Македонија треба да биде горда на овие момци!

Милевски: Македонија треба да биде горда на овие момци!

Со вчерашниот пораз од Португалија (2:4) нашата селекција го заврши настапот на Европското првенство во Полска како последна во групата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сепак селекторот Благоја Милевски на конференцијата после натпреварот ги пофали неговите фудбалери и истакна дека Македонија треба да биде горда на овие момци.

„Им благодарам на фудбалерите, тие покажаа како се игра за Македонија. Тука дојдовме со желба да се надигруваме со секого тоа и го направиме. Македонија треба да биде горда на овие фудбалери. Кога сме кај натпреварот против Португалија, во текот на целиот натпревар бевме конкурентни. Сепак, честитки до Португалија за победата“- изјави Милевски.

Според вкупниот пласман Македонија своето прво Европско првенство ќе го заврши од 10 до 12 место.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Вака 40-годишниот голман стана херој против Шпанија – го одигра натпреварот на кариерата и заплака! (Видео)

Репрезентацијата на Зеленоортските Острови направи големо изненадување на Светското првенс…