Дома Македонски спорт Милевски: Жал ми е што не постигнавме гол кога доминиравме, Грузија физички е едно ниво погоре

Милевски: Жал ми е што не постигнавме гол кога доминиравме, Грузија физички е едно ниво погоре

Македонската фудбалска репрезентација денес одигра слаб натпревар и претрпе убедлив пораз од Грузија со 0:3 на домашен терен.

На прес-конференцијата после натпреварот присуствуваше селекторот Благоја Милевски. Милевски како една од клучните причини за победата на Грузија го истакна тоа што според него биле физички едно ниво повисоко.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Честитки до Грузија, кога ќе изгубиш на ваков начин не знам што би посочил како причина. Ја котролиравме играта 50-тина минути, после вториот гол паднавме и физички. Мислам дека тука се забележи дека Грузија физички е едно ниво над нас. Жално е што не постигнавме гол или два во тие 50 минути кога доминиравме. Во недела ни следи нов натпревар ќе се обидеме да се консолидираме“

Милевски откри и дека денес морал да менува поради повреди и се надева дека не е ништо сериозно.

„За секој натпревар се подготвуваме различно. Кога во прашање се играчите кои ќе настапат, не од што сакам, но мораме да ротираме бидејќи овој термин на играње е надвор од секоја логика. Затоа сум благодарен на момците за она што го прикажаа, што дадоа максимум од себе, немам навистина што да им замерам. Денес имавме и повреди поради кои морав да менувам, па ќе видиме кој ќе биде спремен во недела“.

И понатаму главна цел на Македонија ќе бидат квалификациите за ЕП во 2024 кои стартуваат идната година и преку нив, по потешкиот пад ќе се надеваме на пласман. Иако и шансите во Лигата на Нации целосно се уште не се изгубени.

„Кажав од почетокот на моето доаѓање дека главна цел се квалификациите за Европското првенство 2024, се што поминавме во меѓувреме е припрема за тоа. Овие четири натпревари од овој циклус, па и тие во септември се во функција да видиме до каде сме. Што се однесува до ситуацијата во групата, има уште три натпревари, денес секој може да победи секого ќе видиме што ќе се случи. Се додека имаме теоретски шанси ние ќе се бориме“, изјави Милевски.

Со овој пораз Грузија ја зголемува предноста на лидерската позиција и сега има девет бода, ние сме втори со четири бода. Следниот натпревар Македонија го игра повторно дома, в недела од 18:00 часот против Гибралтар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Две асистенции на Гулер, проектил од Родриго и нов кикс на Реал во меч со шест голови (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид играат многу ефикасни натпревари оваа сезона, но често им изост…