Дома Останати Кошарка НБА Милвоки го доби Бруклин, пораз за Лејкерси во Чикаго, 50-ка за Дерозан 🎥

Милвоки го доби Бруклин, пораз за Лејкерси во Чикаго, 50-ка за Дерозан 🎥

Тимот на Милвоки Бакс изминатата вечер во НБА лигата како гостин славеше со 120:119 после продолжeнија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Двата финалисти одиграа одличен натпревар кој беше решен во последните секунди од продолжението. На 30 секунди до крајот на регуларниот дел Бруклин влезе со три поени предност, а потоа следуваше тројка на фантастичниот Јанис, со таа тројка мечот отиде во продолженија. Продолженијата беа решени со новите поени на Јанис на три секунди до крајот и промашувањето на Дурент во следниот напад.

Најефикасен на натпреварот беше токму грчкиот кошаркар со 44 поени и 14 скокови, добра поддршка имаше и од Холидеј. Во редовите на Бруклин, Дурент постигна 26, а Ирвинг 25 поени.

Продолженија имаше и на натпреварот помеѓу Чикаго и Лејкерси. Таму славеа домаќините со 135:130. На овој натпревар Дерозан стана 14. играч сезонава кој постигнал барем 50 поени. И покрај тие 50 поени можеше да биде трагичар затоа што промаши слободно фрлање во регуларниот дел. Со неговото промашување резултатот остана 118:118 и натпреварот влезе во продолженија.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Детроит – Филаделфија 102:94, Атланта – Кливленд 131:107, Бруклин – Милвоки 119:120 по продолженија, Чикаго – Л.А. Клиперс 135:130, Јута – Л.А. Лејкерс 122:109.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Бомба од НБА: Една грешка го откри новиот клуб на Леброн!

Откако Леброн Џејмс (41) ги извести Лејкерс дека ќе го напушти клубот, едно од главните пр…