Дома Трансфер зона Милан ќе купува во Германија: Италијанскиот гигант „фрли око“ на дуото од Баерн Минхен

Милан ќе купува во Германија: Италијанскиот гигант „фрли око“ на дуото од Баерн Минхен

Милан „фрли око“ на дуото на Баерн Минхен, јавува „TuttoSport“, а играчите за кого е заинтересиран гигантот од Серија А се Артуро Видал и Ренато Санчез.

20-годишниот Санчез игра на позајмица во Премиер лигата и тоа во тимот на Свонси. На Санчез не му оди ниту малку добро во Свонси, а показател за тоа се само деветте стартови и само трите влегувања од клупата. Покрај тоа, од доаѓањето во Свонси не постигна ниту еден гол, а ниту асистираше.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Се уште не е познато колку Милан ќе подготви за Санчез кој е голем талент, но нешто се случува, а што уште не се знае. Милан исто така сака да го доведе и Артуро Видал, а конкуренција ќе им прави Интер кој исто така покажа интерес. Како за Санчез, така и за Видал не е позната сумата која Милан ќе ја испрати на клубот од Германија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Араухо станува најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот?

Eкипата на Барселона наводно е подготвена да го продаде стоперот Роналд Араухо (25), објав…