Брахим Дијаз ова лето се пресели од Реал Мадрид на позајмица во Серија А каде го облече дресот на Милан.
Дијаз важи за еден од најголемите шпански таленти и веднаш покажа дека ќе биде големо засилување за „росонерите“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Шпанецот пристигна на „Сан Сиро“ на едногодишна позајмица без опција за откуп, но Милан сака на лето да го задржи во своите редови.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан веќе започнал преговори со Реал Мадрид за откуп на Брахим Дијаз и двете страни се блиску до договор.
Милан е спремен на крајот на сезоната да го откупи Дијаз за 25 милиони евра, а Реал најверојатно ќе стави бај-бек клаузула во договорот.
📰 @PianetaMilan: #ACMilan plan to discuss keeping €25m-rated Brahim Diaz – player happy to stay
— SempreMilan (@SempreMilanCom) February 9, 2021
🤔 How much would you pay for Brahim?https://t.co/Ni2E4eTBTF #SempreMilan