Дома Топ вести Милан ја „украде“ ѕвездата на Фиорентина пред носот на Наполи

Милан ја „украде“ ѕвездата на Фиорентина пред носот на Наполи

Милан е исклучително активен на трансфер пазарот, па откако вчера го договори првото засилување, веќе денес е на само чекор од ново големо засилување.

Италијанските медиуми пренесуваат дека „росонерите“ се на чекор од договор со ѕвездата на Фиорентина, Џордан Верето, кој треба да биде замена за Бакајоко.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


26-годишниот Французин изминатите сезони покажа дека е еден од најдобрите плејмејкери во Серија А и за него силен интерес покажуваа многу клубови, особено Наполи.

Верето беше на чекор од трансфер во Наполи по барање на Анчелоти, но Малдини успеа да го „украде“ играчот пред носот на „наполитанците“.

Милан веќе има договор со играчот и е во напредни преговори со Фиорентина. „Росонерите“ понудија 25 милиони евра, додека „виолетовите“ бараат 30, но таа разлика може да биде „испеглана“ со бонуси.

Италијанските медиуми тврдат дека набрзо трансферот и официјално ќе биде комплетиран и во следните денови играчот ќе пристигне во Милано на лекарски прегледи.

https://youtu.be/aO2iFRYTA1U

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Јувентус честиташе, но Ањели брутално одговори на прославата на Интер на 20. Скудето

Јувентус преку социјалните мрежи му ја честиташе титулата на Интер (ТУКА), но поранешниот …