Дома Трансфер зона Милан ја сака ѕвездата на ПСЖ

Милан ја сака ѕвездата на ПСЖ

Германските медиуми пренесуваат дека Милан е силно заинтересиран за ѕвездата на ПСЖ, Јулијан Дрекслер.

Милан е во потрага по засилување на крилните позиции, а една од најголемите желби на „росонерите“ е токму Јулијан Дрекслер. 


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Германецот не добива голема минутажа во Париз и е спремен да ја промени средината. Притоа неговиот договор со ПСЖ истекува на крајот на сезоната и на лето ќе биде слободен агент.

Милан сака да ја искористи таквата ситуација и веќе стапил во контакт со неговиот агент, а наскоро ќе испрати и официјална понуда.

Дрекслер прифаќа да се пресели на „Сан Сиро“, но како услов сака „росонерите“ да играат во Лигата на шампиони, а Милан е на добар пат да избори пласман за следната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Сити подготвува спектакуларен трансфер

Според последните информации од Островот кои ги пренесува реномираниот „Гардијан“, Манчест…