Италијанскиот шампион Милан е силно заинтересиран за десниот бек на Манчестер Сити, Жоао Кансело.
„Сан“ пренесува дека Португалецот не е задоволен од третманот кој го има кај Пеп Гвардиола и сака да ја промени средината.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Кансело има ист агент како Леао, па во преговорите со Малдини му го понудил на Милан, а „росонерите“ се заинтересирани за дефанзивецот и сакаат да го доведат на лето.
Кансело има големо искуство во Серија А каде играше за Интер и Јувентус, па сака да се врати во Италија.
Милан ја следи ситуацијата и наводно е спремен да понуди 35 милиони евра за неговиот потпис.