Дома Трансфер зона Милан ја сака ѕвездата на Бенфика

Милан ја сака ѕвездата на Бенфика

Напаѓачот на Бенфика, Дарвин Нуњес ја воодушеви фудбалската јавност и е на мета на многу европски гиганти.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Скаутите на Милан го следат веќе подолго време, а италијанските медиуми тврдат дека „росонерите“ сакаат да го донесат на лето.

21-годишниот уругвајски репрезентативец игра одлично, но во договорот има откупна клаузула од 150 милиони евра, а Бенфика сигурно нема да сака лесно да се откаже од него.

Бенфика во септември за потписот на Нуњес плати 24 милиони евра, па Милан сигурно ќе треба да понуди 50 милиони евра за неговиот потпис.

Милан бара напаѓач кој ќе биде алтернатива за Ибрахимовиќ, а Дарвин оваа сезона постигна 13 гола и 9 асистенции на 37 меча.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…