Милан е во пол-позиција за потписот на младата ѕвезда на Фенербахче и турската репрезентација, Арда Гулер.
18-годишниот офанзивен играч за врска со своите партии го привлече вниманието на многу европски клубови.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Тој оваа сезона постигна 6 гола и 7 асистенции, а скаутите веруваат дека е новата ѕвезда на европскиот фудбал.
Тој во договорот со Фенербахче има откупна клаузула од 17 милиони евра, сума која неколку клубови се спремни да ја платат.
Еминентниот „Екип“ пренесува дека Милан ја победил конкуренцијата и постигнал договор со Гулер, а во наредните денови ќе ја плати откупната клаузула.