Дома Трансфер зона Милан ја одреди цената за Бонучи

Милан ја одреди цената за Бонучи

Се погласни се шпекулациите дека Леонардо Бонучи ова лето ќе го напушти Милан и ќе се пресели во Пари Сент Жермен.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


31-годишниот дефанзивец наводно веќе ги договорил личните услови со францускиот клуб, а Милан нема да му стои на патот.

„Росонерите“ минатото лето за неговиот потпис платија 42 милиони евра, а сега за неговата слобода ќе бараат 40 милиони евра, тврдат италијанските медиуми.

Милан најпрво беше казнет од УЕФА за Финансиски фер-плеј, а потоа ја промени сопственичката структура, па сето тоа влијаеше за Бонучи да побара трансфер.

Манчестер Јунатед исто така покажува сериозен интерес за дефанзивецот, но ПСЖ е во предност бидејќи Бонучи сака да игра заедно со Буфон во Париз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…