Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан работи на трансферот на ѕвездата на Порто, Јаким Брахими.
Алжирецот одби да го продолжи договорот со Порто, па битката за негов потпис веќе започна.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
За него силен интерес покажуваат многу европски гиганти, но „Скај Италија“ тврди дека Милан во моментов е во пол-позиција.
„Росонерите“ значително го засилија тимот во зимскиот преоден рок со Пјонтек и Пакета, но Милан планира големи засилување и во летниот преоден рок.
Приоритет ќе бидат засилувањата на крилните позиции, па на „Сан Сиро“ сметаат дека токму Брахими би бил идеален профил, особено поради фактот што може да пристигне без обештетување.
Милан следи и други профили на играчи за крилните позиции, но доколку „росонерите“ изборат пласман во Лигата на шампиони ќе имаат потреба од повеќе алтернативи.
Наводно Леонардо веќе стапил во контакт со агентите на Брахими, па медиумите тврдат дека е спремен да му понуди договор според кој Алжирецот во Милано ќе заработува 4 милиони евра по сезона.
https://youtu.be/k4hejFxW6qk