Италијанските медиуми пласираа вистинска „бомба“ и тврдат дека Милан е заинтересиран за напаѓачот на Рома, Тами Абрахам.
Минатата сезона Абрахам во дресот на Рома постигна 24 гола и 5 асистенции во сите натпреварувања и со тоа веднаш го привлече интересот на бројни клубови.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Оваа сезона игра нешто послабо, а медиумите откриваат дека влегол во конфликт со тренерот Мурињо.
Притоа, Англичанецот сака да игра во клуб каде редовно ќе игра во Лигата на шампиони и ќе се бори за трофеи, па е спремен на лето да ја промени средината.
Најсилен интерес за него покажува Милан, бидејќи приоритет на „росонерите“ на лето ќе биде доведување врвен напаѓач.
Милан наводно е спремен да плати 60 милиони евра за неговиот потпис, што е 20 милиони повеќе од сумата која Рома ја плати за да го доведе на „Олимпико“.