Италијанскиот гигант Милан е сериозно заинтересиран за 18-годишниот напаѓач на АЗ Алкмаар, Мајрон Боаду, пренесуваат италијанските медиуми.
Младиот холандски напаѓач ги импресионираше сите оваа сезона со своите настапи, па постигна 10 гола и запиша 9 асистенции во 19 одиграни меча од почетокот на сезоната.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Боаду има договор со АЗ Алкмаар до 2023 година, но за неговиот потпис интерес покажуваат многу европски гиганти.
И покрај младата возраст тој демонстрира огромен потенцијал, па неговата цена секојдневно расте. Поради тоа Милан сака да ја победи конкуренцијата и да го донесе на „Сан Сиро“ уште во јануари.
Се верува дека трансферот може да биде комплетиран за околу 10 милиони евра.