Дома Трансфер зона Милан тргнува по играчот на Реал – цената е 40 милиони

Милан тргнува по играчот на Реал – цената е 40 милиони

Како што тврдат шпанските медиуми Реал Мадрид на лето би можел да се ослободи од младиот шпански реппрезентативец Дани Себаљос.

Себаљос минатото лето пристигна во Реал Мадрид за 18 милиони евра од Бетис, но не успеа да добие значајна минутажа во тимот на Зидан.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Самиот фудбалер сака да ја промени средината во потрага по поголема минутажа, а и раководството на „кралевите“ веќе размисува за негова продажба.

Агентот на Себаљос имал средба со раководството на Милан и е спремен да се пресели на „Сан Сиро“, а „росонерите“ покажуваат сериозен интерес за младиот Шпанец.

Реал за неговата слобода бара 40 милиони евра, а преговорите меѓу двата клуба ќе почнат по завршувањето на сезоната.

Не е наведено дали Реал ќе сака да вметне клаузула во договорот според која ќе може да го врати играчот за одредена сума во наредните години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид го враќа Тео Хернандес

Реал Мадрид сака на лето да го врати во своите редови левиот бек на Милан, Тео Хернандес, …