Дома Трансфер зона Милан тргнува по дефанзивецот на Челзи

Милан тргнува по дефанзивецот на Челзи

Италијанскиот гигант Милан на лето повторно ќе прави големи промени во тимот, а најверојатно на кормилото на „росонерите“ ќе седне германскиот стратег Ралф Рангник.

Наводно генерланиот директор на Милан, Иван Газидис веќе има договор со Рангник и веќе ја планираат трансфер кампањата за следната сезона.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Доаѓањето на Рангник најверојатно ќе значи заминување на Златан Ибрахимовиќ, а поради проблемите со новиот договор голема е веројатноста да биде продаден и Џиџо Донарума.

Италијанските медиуми пренесуваат дека приоритет на Милан на лето ќе биде да ја засили одбраната, а најголема желба на „росонерите“ е младиот дефанзивец на Челзи, Андреас Кристенсен. Овој 23-годишен фудбалер има договор со Челзи до 2022 година, но најверојатно „сините“ ќе дозволат да замине ова лето.

Челзи за неговата слобода бара 30 милиони евра, сума која Милан е спремен да ја плати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

„Бомба“: Леао за 120 милиони во Премиер лигата

Манчестер Сити е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Милан, Рафаел Леао, пренесуваа…