Дома Трансфер зона Милан тргнува по Бакајоко

Милан тргнува по Бакајоко

Милан е во потрага по засилување на средниот ред, а италијанските медиуми пренесуваат дека тоа може да пристигне од Челзи.

Минатото лето „сините“ за 40 милиони евра го купија Тиму Бакајоко од Монако, но после само една година може да го напушти „Стенфорд Бриџ“ бидејќи не влегува во плановите на новиот тренер Маурицио Сари.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Милан сака да ја искористи таквата ситуација бидејќи е во потрага по таков профил на играч. Наводно новиот директор Леонардо веќе стапил во контакт со играчот на Челзи.

„Сините“ за неговата слобода бараат најмалку 30 милиони евра, бидејќи сакаат да вратат поголем дел од минатогодишната инвестиција. „Росонерите“ пак го сакаат Французинот на едногодишна позајмица со право на откуп следното лето за 25 милиони евра.

Доколку не успеат да постигнат договор за Бакајоко, „росонерите“ ќе се насочат кон ѕвездата на Салзбург, Самасеко, кој игра на истата позиција во средниот ред.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал може да добие бесплатно засилување од Реал Мадрид

Ферланд Менди е фудбалер кој во Реал Мадрид пристигна од Лион во 2019 година и е прв избор…