Дома Трансфер зона Милан тврди: Донарума не е на продажба, сакаме да остане!

Милан тврди: Донарума не е на продажба, сакаме да остане!

Неубелдивата сезона на Милан нема да донесе големи промени во играчкиот кадар, па од клубот уверуваат дека никој од важните фудбалери нема да биде продаден.

Генералниот директор на „росонерите“, Марко Фасоне потврди дека двете најголеми ѕвезди Донарума и Сусо не се на продажба.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Голманот влезе во конфликт со навивачите кои го исвиркуваат во последно време, па медиумите тврдат дека ова лето сигурно ќе го напушти „Сан Сиро“.

„Имаме договор со Џиџо, со неговото семејство и агентот. Сакаме тој да остане и да биде дел од тимот и во иднина. За нас Донарума не е на продажба, но нема да му застанеме на патот доколку одлучи да замине. Во тој случај треба да пристигне понуда адекватна на неговата вредност“, изјави Фасоне.

„Ситуацијата на Сусо е малку поразлична. Тој има откупна клаузула во договорот, па доколку одлучи да замине не можеме да сториме ништо. Меѓутоа играчот неколку пати ни соопшти дека сака да остане, а и ние сакаме да го задржиме“, додаде Фасоне.

„Што се однесува до трансфер периодот сигурно ќе го засилиме тимот. Нашата интенција е костурот и најдобрите играчи да останат и да донесеме 3-4 засилувања кои ќе го подигнат квалитетот“, откри директорот на „росонерите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…