Дома Трансфер зона Милан спреми 30 милиони за Миленковиќ

Милан спреми 30 милиони за Миленковиќ

Дефанзивецот Никола Миленковиќ беше мета на Милан и Интер во летниот преоден рок, но на крајот остана во Фиорентина.

Миленковиќ се етаблираше во еден од најдобрите стопери во Серија А, па Фиорентина за неговата слобода бара 40 милиони евра, сума која споменатите клубови не беа спремни да ја платат.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Проблем за „виолетовите“ е што Миленковиќ на крајот на сезоната ќе влезе во последната година од договорот, па неговата цена драстично ќе падне.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан силно го посакува Миленковиќ во јануари, па веќе испратил понуда до Фиорентина.

„Росонерите“ понудиле 10 милиони евра за позајмица плус 20 милиони евра за откуп на крајот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Шок во Атлетик Билбао: Легендата заминува по две децении!

Икер Муниаин донел одлука да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната. Леген…