Брахим Дијаз ова лето се пресели од Реал Мадрид на позајмица во Серија А каде го облече дресот на Милан.
Дијаз важи за еден од најголемите шпански таленти и веднаш покажа дека ќе биде големо засилување за „росонерите“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Шпанецот пристигна на „Сан Сиро“ на едногодишна позајмица без опција за откуп, но Милан сака на лето да го задржи во своите редови.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан веќе започнал преговори со Реал Мадрид за откуп на Брахим Дијаз, а самиот фудбалер дал согласност.
Се очекува двата клуба брзо да најдат заеднички јазик, но во договорот ќе биде ставена „бај-бек“ клаузула во корист на Реал Мадрид.