20-годишниот талент Микел Дамсгард, блеска со Данска на ЕУРО и го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Најсилен интерес за офанзивниот играч за врска покажува Милан, кој во Дамсгард гледа идеална замена за Чалханоглу.
Дамсгард е член на Сампдорија и има искуство во Серија А, па Милан наскоро ќе започне преговори. Проблем може да биде високата цена бидејќи клубот за неговата слобода бара 35 милиони евра.
Милан ќе се обиде да ја намали таа цена така што во трансферот ќе го вклучи Конти, за кого Сампдорија покажува силен интерес.