„Кориере дело Спорт“ открива дека главната трансфер цел на Милан до крајот на преодниот рок ќе биде Доменико Берарди од Сасуоло.
Милан сака да ја засили десната крилна позиција, а најголема желба на тренерот Пиоли е токму Доменико Берарди.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Берарди одигра уште една одлична сезона, постигна 17 голови, а покажа добри партии и на Европското првенство.
Милан веќе стапил во контакт со агентот на Италијанецот и се очекува наскоро да започне преговори со Сасуоло.
„Росонерите“ се спремни да платат 5 милиони евра за едногодишна позајмива и 25 милиони следното лето за откуп.