Според информациите на италијанските медиуми Милан е заинтересиран за 22-годишниот офанзивец на Клуб Бриж, Ноа Ланг.




Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
За неговите услуги Бриж бара сума од 40 милиони евра. Италијанскиот гигант направил чекор кон потенцијалното реализирање на овој трансфер така што вчера се одржал состанок на кои присуствувале клупските директори и агентот на Ланг. Се споменува можност уште во јануари да пристигне во Милан.




Ланг оваа сезона има учинок од три гола и четири асистенции на 10 натпревари во белгиското првенство. Неговиот договор со клубот има важност до 2025 година. Претходно името на Ланг се поврзуваше и со Арсенал.



