Главна трансфер цел на Милан во летниот преоден рок ќе биде засилување на нападот, односно централен напаѓач и десно крило.
„Газета дело Спорт“ пренесува дека „росонерите“ се во напредни преговори со Маркус Турам и ѕвездата на Виљареал, Чуквуезе.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
23-годишниот крилен напаѓач минатата сезона беше хит во Лигата на шампиони, а и оваа сезона одигра одлично во дресот на Виљареал со 13 гола и 11 асистенции.
Чуквуезе сака да направи чекор напред во кариерата и ова лето да ја промени средината, па веќе се договорил со Милан.
Италијаскиот клуб е во преговори и со Маркус Турам, на кого му истекува договорот со Мехенгладбах и е слободен агент.
Милан ќе треба да ја победи конкуренцијата од ПСЖ, кој исто така е заинтересиран за Французинот, но Пиоли сака да создаде „пеколно“ трио, Леао – Турам – Чуквуезе.