Дома Фудбал Милан се „пазари“ со УЕФА: „Росонерите“ побараа да не играат во Лига Европа!

Милан се „пазари“ со УЕФА: „Росонерите“ побараа да не играат во Лига Европа!

Италијанскиот гигант Милан има проблеми со прекршувањето на финансискиот ферплеј (ФФП), па медиумите тврдат дека ќе се обиде да се „испазари“ со УЕФА.

Имено, „росонерите“ започнале преговори со Европската централа и ќе се согласат да паузираат една година од европскиот фудбал.

Милан обезбеди пласман во Лига Европа, но генералниот директор Иван Газидис побарал од УЕФА „росонерите“ следната година да не играат во Европа и со тоа да ја одработат казната.

Според последната одлука на УЕФА, Милан доби парична казна во износ од 12 милиони евра, ограничена група од 21 играчи за европските натпреварувања и исклучување од турнирите на УЕФА за период од 1 година, ако финансиите не бидат балансирани до 2021 година. Милан не верува дека тие можат да го постигнат последното во рамките на утврдениот рок, па поради тоа е спремен на „џентлменски договор“ со УЕФА.

„Росонерите“ немаат интерес да играат повторно во Лига Европа, па бараат да бидат „исфрлени“, а со тоа ќе можат и слободно да инвестираат на трансфер пазарот. Одговорот на УЕФА се очекува во следните денови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…