Милан сака до крајот на преодниот рок да ја засили одбраната, а медиумите тврдат дека новиот дефанзивец ќе пристигне во Премиер лигата.
Прв на листата желби е младиот дефанзивец на Челзи, Тревор Чалоба кој не добива голема минутажа на „Стенфорд Бриџ“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тој не добива голема минутажа кај Покетино, па Челзи е спремен да слушне понуди за него. Миланскиот гигант веќе стапил во контакт со неговиот агент и сака да го доведе на позајмица со право на откуп.
На спискот е и дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор кој исто така не добива голема минутажа на „Емирати“.
Кивиор својата афирмација ја стекна во Серија А во дресот на Специја, од каде за 25 милиони евра се пресели во Арсенал.
Милан ќе се обиде да доведе еден од овие двајца дефанзивци на позајмица со право на откуп на крајот на сезоната.
📰 #CorSport: There are at least four profiles that the #Rossoneri management is closely monitoring. An interesting operation could involve Trevoh #Chalobah from #Chelsea. The profile of Jakub #Kiwior, previously considered a year ago before his transfer to Arsenal, is currently… pic.twitter.com/VW9eUCpE34
— Milan Posts (@MilanPosts) January 23, 2024