Милан во зимскиот преоден рок сака да се засили со двајца фудбалери од Челзи, пренесуваат италијанските медиуми.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Зијех беше прва желба на „росонерите“ во текот на летниот преоден рок, но Челзи не сакаше да го пушти на позајмица со право на откуп.




Меѓутоа, Зијех не добива голема минутажа, па и самиот сака да ја промени средината во јануари. „Росонерите“ веќе имаат договор со плејмејкерот околу личните услови и ќе се обидат да го донесат во зимскиот преоден рок на позајмица со право на откуп.




Вториот фудбалер кого го сака Милан е играчот за врска, Рубен Лофтус Чик. Тој одигра одлично против „росонерите“ и го привлече вниманието на Малдини.




Италијанскиот клуб е спремен да понуди 15 милиони евра во јануари за 26-годишниот англиски репрезентативец