Дома Топ вести Милан расчисти со Раиола, следен заминува Ромањоли

Милан расчисти со Раиола, следен заминува Ромањоли

Раководството на Милан му даде јасен сигнал на агентот Мино Раиола дека нема намера да ги исполнува неговите желби и повеќе нема да преговара со него.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Милан одлучи повеќе да не го чека одговорот на Донарума и денес го купи голманот на Лил, Марк Мањан, па Џиџо ќе биде слободен да си замине како слободен агент.

Италијанските медиуми пренесуваат дека „росонерите“ повеќе нема да преговараат со Раиола ниту за капитенот Алесио Ромањоли, кој влегува во последната година од договорот.

Ромањоли е ставен на трансфер листа, а најсилен интерес за него покажуваат Барселона и Атлетико Мадрид.

Милан за неговата слобода бара 25-30 милиони евра, а не е исклучена и трампа со Каталонците во која ќе биде вклучен Ленгле или друг фудбалер на Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…