Европската куќа на фудбалот (УЕФА) денес соопшти дека италијанскиот гигат Милан ќе биде иследуван од Финансискиот контролен орган за непочитување на правилата на Финансискиот фер-плеј.
Во соопштението на УЕФА се прецизира дека „росонерите“ не ги запазувале правилата за приходи и расходи во текот на сезоните 2015/16, 2016/17 и 2017/18.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Целиот случај ќе биде испратен на понатамошно разгледување при Финансискиот контролен орган, а од УЕФА дополнија дека повеќе нема да коментираат ништо поврзано со овој случај.
Потсетуваме, во декември УЕФА го казни Милан со 12 милиони евра и му се закани со исфрлање од европските турнири, ако не го израмнат финансикото работење до јуни 2021 година.
Директорите на Милан тогаш започнаа еден вид на „преговори“ со УЕФА за целиот случај да не заврши во спортскиот суд во Лозана, па „росонерите“ коментираат дека ова соопштение било очекувано и дека двете страни се трудат да најдат т.н „џентлменски договор“.
Il #Milan è stato deferito alla Camera Arbitrale CFCB: il comunicato dell'#UEFA https://t.co/7sVfuQbIau
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) April 10, 2019