Милан го договори трансферот на Лофтус Чик од Челзи, но преговара за уште еден фудбалер со „сините“.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Имено, „росонерите“ се во напредни преговори со Челзи за трансфер на Кристиан Пулишиќ.
24-годишниот Пулишиќ не е задоволен од својот статус во Челзи и малата минутажа која ја добива, а Покетно даде зелено светло за негова продажба.
Американецот влегува во последната година од договорот, па „сините“ се спремни да го пуштат за сума од околу 20 милиони евра.
Милан е клубот кој покажува најголем интерес за него и медиумите тврдат дека двете страни се блиску до договор.
📰 @NicoSchira: #Milan push to sign #Pulisic. Negotiations underway to agree formula. pic.twitter.com/86E9nKL3Zh
— Milan Posts (@MilanPosts) June 26, 2023