Милан е многу активен на трансфер пазарот и до крајот на неделата треба да официјализира три нови засилувања.
Откако успеа да го „укарде“ Сандро Тонали пред носот на Интер за 35 милиони евра, денес „росонерите“ постигнаа договор со Реал Мадрид за трансфер на Брахим Дијаз.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Двајцата играчи до крајот на неделата треба да пристигнат во Милано и да бидат официјално претставени, а блиску до трансфер на „Сан Сиро“ е и Бакајоко од Челзи.
Меѓутоа, Милан не запира тука и има нова мета – Федерико Киеза од Фиорентина.
Киеза одби да го продолжои договорот со „виолетовите“ и веќе се договори со Милан, а трансферот би требало да изнесува 50 милиони евра.
Милан испратил прва понуда од 20 милиони евра плус Пакета и 10 милиони евра бонуси, па двата клуба наскоро се очекува да седнат на преговарачка маса.
Фиорентина мора да ја продаде својата ѕвезда бидејќи Киеза следното лето ќе влезе во последната година од договорот и неговата вредност драстично ќе падне.
? Mediaset: #ACMilan table €50m+ offer for Chiesa after sealing €20m deal for Brahim Diazhttps://t.co/sLvtaOX48R #SempreMilan
— SempreMilan (@SempreMilanCom) September 1, 2020